Вечерва во Пациото на Завод и Музеј од Битола, во организација на Форумот на жени на СДСМ од Битола се одржа трибина по повод Светскиот ден на фамилиите кога се одбележува важноста на семејствата како основна клетка на секое општество.Форумот на жени СДСМ Битола, оваа трибина ја организира во соработка со здружението на еднородителски семејства “Дел од сите“, а под мотото “Семејството не е бројка, семејството е љубов“.
-Голема чест и привилегија беше да сме домаќини на почитуваната Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и воедно претседателка на Форум на жени СДСМ. Исклучителна можност да се начнат многу теми, да се споделат искуства, да се дадат сугестии и предлози и најважно од се, одличен повод да се слушне гласот на еднородителските семејства, рече на отворањето на трибината, Татјана Крнчева, претседател на Форумот на жени на СДСМ во Битола, која додаде:
-Ние сме нивната алатка и нивниот сервис кој во континуитет, сериозно и одговорно приоѓа на оваа проблематика и е во постојана борба за обезбедување на подобар и поквалитетен живот на мајки и татковци херои во “приказната“.
На трибината зборуваа Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и воедно претседателка на Форум на жени СДСМ и Јасмина Кочанковска.
На трибината беа присутни и претседателот на СДСМ од Битола, Драган Крајовски, секретарот Гордана Анастасова, членови на ОО на СДСМ Битола, советници…
-Семејството не е важна работа, семејството е сее!” Да го негуваме, беше пораката која беше испратена на крајот на трибината.

“Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- На втората вечер на “Џез фактори фестивал“ во Битола настапија триото на пијанистот Jaume Miquel и саксофонистката и композиторка Swantje Lampert (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)