-Битола од секогаш биле град во кој мото-кросот имал свои привраници, голем број на мотокросисти и на секој натпревар имало и по неколку илјади публика, без разлика дали трките се одржувале на патеката кај Братиндол или пак многи години порано, низ Битола, околу реката Драгор. Па така и пред 10 години во Битола се одржа трка, но на “нова“ локација на патеката која се наоѓа кај месноста Смолево, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.
-На тркаво кај Смолево во 2012 година победи Христијан Илиевски – Кико со што уште еднаш докажа дека тогаш беше неприкосновен на патеката и победи со голема предност во МХ2, а на повеќе од 3.000 љубители на овој спорт, крај патеката “Смолево, им приреди одлична забава, изведувајќи акробации на скоковите. Во класата МХ3 победи Никола Тодоров од Битола, пред Борче Костов. Во најмладите победи Адријан Ристевски член на Мотостарс од Битола, пред Христијан Станковиќ и Лука Ристевски, се сеќава Миновски и додава:
-Оваа мото-трка од Шампионатот на Македонија ја организираше Мотоциклистичката
федерација на Македонија во соработка со Мотостарс од Битола, а под покровителство на Општина Битола, “Цермат“ и “ЛТД“.

Деновиве пред 10 години: мото-крос “Смолево 2012“, победник Кико (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










