Press "Enter" to skip to content

Битолчани од изгрејсонце на манастир “Св. Спас“ над Маловиште на 1.950 м.н.в. го празнуваат Спасовден (фотогалерија)

Верници од Битола, заедно со жителите од село Маловишта, кое е единствената населба која е опфатена во составот на Националниот парк “Пелистер“ се искачуваат кај малата манастирска црква “Св. Спас“ каде го празнуваат празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Видикот и погледот од горе, од просторот крај малата камена црква посветена на “Свети Спас“ – Вознесението Христово, изградена на гранитно возвишение над селото Маловиште, се вистинското нешто на овој величествен природен простор. Од таму, горе, видикот овозможува да се види и она што ретко кој може да го замисли. Битола со Пелагонија, потоа, следат Пелистерските врвови кои како да ни се на дофат, прекрасната Преспа со двете езера, Мало и Големо Преспанско Езеро, со островите “Свети Ахил“, каде се верува дека е гробницата на Цар Самуил, Мал и Голем Град, потоа Галичица, Петринска Планина, Ресен и цела котлина со обработените овошни јаболкови насади, и  уште околу, кон  Бигла и Илинска Планина, цел простор на Демир Хисар, Крушевско и повторно Пелагонија со Битола. Денес битолчани кои се искачија горе “Свети Спас“ кој секоја година се слави на  40-тиот ден по најголемиот христијански празник – Воскресението Христово-Велигден, можар да си доволат ваков поглед, а Димитар Триста од Битола, кој заедно со другите се искачи утрово, од таму ни рече:-Ова за мене како верник, да сум тука на овој ден, кога се празнува Христовото вознесение – Спасовден, е чувство кое тешко се опишува со зборови. Да се дојде тука не е лесно, но кога ќе се дојде тука, ќе се погледне камбаната заедно се карактеристичната црква “Св. Спас“ е нешто кое на секој кој може да се искачи без некои здравтсвени проблеми, да го направи. Потоа, секако, откако запаливме свеќи и се помоливме за здравја на сите, следуваше и искачувањето на Вртешка, а погледот од таму е единствен.Инаку, скромната камена градба на манастирот „Свети Спас“ на надморска височина од 1.950 метри е надополнета со мал планински заклон, кој претставува  своевиден конак. Конакот, за намерниците и планинарите се наоѓа во секое време од годината, па така, и при сончев ден и при силна зимска вејавица тој може да заштити и конечно да биде заклон за преживување. Тој планински заклон-конак го одржуваат планинари ентузијасти од ПСК “7-ми Мај“ кои, заедно со вработените во Националниот парк “Пелистер“ се најзаслужни за  неговата изградба и за тековното одржување на објектот.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »