Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден

-Во ноември 2016 година, ФК Пелистер од Битола ја обнови и официјално ја прослави својата клупска слава – Митровден, традиција која претходно со години беше запоставена. На тој ден, 8 ноември 2016 година, клубот организираше свечен празничен коктел и кршење на празничниот колач, со што симболично се одбележа враќањето на Свети Димитриј (Митровден) како официјален заштитник на клубот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

За време на тие ноемвриски денови, во 2016 година, после напорни тренизни, во одлична атмосфера особено по триумфот над Работнички, во ФК Пелистер се славеше Митровден. Почнувајќи од играчите, стручниот штаб, на чело со тренерот Наџи Шенсои, како и дел од раководството на клубот се прослави клупската слава Митровден.

На прославата беа и легендите на клубот Митко Стојковски и Тони Мицевски кои и тогаш беа дел од Управата и помагаа во функционирањето и развојот на клубот.

Со овој чин во 2016 година, Митровден повторно се етаблира како ден кога целото „зелено-бело“ семејство се собира за да посака здравје, среќа и нови спортски успеси за битолската гордост. 

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »