Во месец август во Битола имало секогаш голем број културни настани, некои традиционални, некои повремени, но ако не се лажам традиција стана одржување на “Белата ноќ“ каде младите се забавуваа до доцна во ноќта, а забавата им ја “правеа“ познати ди-џеи, започна со сеќавањата за пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Белата ноќ на Широк Сокак ебеше настан кој со нетпрение го очекуваа младите, а ние повозрасните знаевме и поинаку да реагираме, но во секој случај тоа е убав настан, на кој покрај младите битолчани уживаа и млади од целиот регион, вели Миновски и додава:
-Пред 10 години, не по прв пат, во Битола младите на “Белата ноќ“ ги забавуваше нашиот Кирил Џајковски, со уште неколку музичари, а младите уживаа. Јас нема многу да зборувам за тоа како беше забавата, бидејќи оние кои биле ќе се присетат, а не сум некој љубител на тој вид музика.
Но, за жал короната, како и други настани и “Белата ноќ“ ка прекина. Но, да се надеваме дека ова наше потсетување на овој настан, нема да биде само сеќавање, а веќе идната година ќе помине ова светско зло и младите ќе бидат на Широк Сокак, а целата улица ќе биде обоена во бело, а огнометот ќе ја најава главната ѕвезда.

Деновиве пред 10 години: “Бела ноќ“ на Широк Сокак, короната не дозволува забава за младите
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер после пресврт и подобра завршница го победи Скопје во Битола (фотогалерија)
- Младинците на Еурофарм Пелистер 2 одиграа реми со Бутел во Битола (фотогалерија)
- Биљана Анастасова нова претседателка на ОО на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Битола
- СВР Битола: физички напад поради недоразбирање во сообраќајот
- Вински фестивал во “Bliss Mall“ – два дена вино, музика и добра музика










