Press "Enter" to skip to content

Утре 2. по ред “Паљо класик опен“, најдобрите билдери од Македонија и Балканот, во Битола (фото)

Ако лани беше само остварување на една голема желба на билдерот од Битола, Зоран Лазарески – Паљо, да организира натпреварување кои ќе биде врв на натпреварите, титулите и победите и на неговата кариера како билдер и сестран спортист, годинава 2. по ред “Паљо класик опен 2023“ на негово задоволство, е секако и на битолчани, е натпреварување кое значи нешто во бодибингот во Македонија и пошироко.

Второто издание на “Паљо класик опен“ ќе се одржи на истиот датум како и лани на 1. октомври во Битола, а овој пат “битката“ за пласман и парични награди ќе се одржува во големата сала на Центарот за култура во Битола.-Подготовските се при крај, а според мене натпреварувањето може да започне уште денес. За разлика од лани кога беше прв пат, овој пат морам да признаам дека малку се уморив, иако јас сум неуморен. Ги корегирав сите мали пропусти кои ги воочив јас и сега ќе имаа одлично натпреаварување, десет пати подобро од лани. Лани, морам да кажам, дека бев малку уплашен како ќе биди, дали ќе има пропусти, но овој пат сме на ниво повисоко, нема страв, а одиме едно ниво погоре. И билдерите и публиката беа со право скептични, бидејќи во 30 години во Македноја, никој немаше исплатено ни 50 евра награда, а камоли толку големи парични награди. Кога видоа дека сите ги добија наградите, целата организација беше платени, сега имаме нов момент, настанот “ме брка“ мене, а не како лани кога јас ги “бркав“, вели во негов стил организаторот Зоран Лазаревски – Паљо од фитнес клубот “Паљо“ од Битола, по што го добива натреварувањето и името.

-Се договорено, организирано, а утре се одржи еден квалитетен натпревар, каков битолчани и пошироката спортска јавност немаат видено. Ова ќе биде натпреварување од лани е натпревар плус во календарот на Федерација, додава Зоран Лазаревски – Паљо, првиот апсолутен победник во самостојна Македонија во 1992 година.За тоа кој ќе учествува на натпреварувањето Лазаревски вели:

-Ги поканивме сите, а овој пат ќе биде од отворен тим, ќе има околу 30 натпреварували во сите категории натпреварувачи од регионот. Ќе има лесна, средна, тешка, физикс, фитнес, бикини и во новите кетегории… во машка и женска категорија.  Битолчани ќе имаат прилика да гледаат квалитетни билдери најдобрите од Македонија во машка и женска конкуренција, Васко Бабушевски – апсолутен балкански шампион, Перезиќ и Томиќ,  а ќе има и изненадувања и награди за публиката, а за тоа дали ќе има битолчани во конкуренција за пласман Лазаревски вели:

-Не можи да нема битолчани на “Паљо класик“, кога Битола е град на билдерите уште од Југославија. Од мојот клуб ќе има шест или седум пријавени, а ќе има и од другите клубови од Битола, а мене посебно ме радува што има се поголем број на млади кои нас ќе не наследат. Каков квалитет ќе учествува на натпреварот ќе видите, утре  на 1. октомври, а дел од нив веќе ги имам анајавено. Има 850 седишта во Центарот за култура, а сите кои ќе бидат ќе имаат прилика да уживаат во еден шоу натпревар, кој ќе трае околу 2 часа и 30 минути, а како вели Паљото ќе биде неговиот препознатлив стил.

Лазаревски за наградниот фонд додава:

-Не само во оваа криза која е сега туку и порано, никогаш немало награден фонд на натпреварите освен во Битола, кога јас сум организирал. Сега имаме 6.300 евра награден фонд, кој веќе е обезбеден. Тоа е една стимулација на билдерите, а не некоја помош, бидејќи подтотовките за настан бидерите ги коштаат многу, многу повеќе, но ова ќе биде еден мотив плус и една сатисфакција за нивниот труд. Секако со поголем фонд ќе привлечеме и билдери, кои се ѕвезди – звучни имиња во овој спорт. За разлика од лани кога генерален спознор беше болницата “Плодност“овој пат ќе го имаме “Таскфорс“ и секако “Хард кор шопот“ за суплементи од Битола. Помогнаа и “Кромберг и Шуберт“, општина Битола, “Симпекс, “Божиновски“, “Графопром“… 

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »