Победник на заврши турнирот “Пелистер Волеј 2024“ кој традиционално го организира одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, кој се одигра во салата на Медицинското училиште во Битола е екипата на Јанта Волеј од Скопје.
Пелистер Волеј е поразен во финалето и го освои второто место. Во борбата за трето место победи екипата на Врање СД 1093 од Србија, а на четврто место беше екипата на Пегазос од Кожани, Грција.
-На овогодинешниот дванаесетти по ред турнир во одбојка, кој е во организација на битолски Пелистер Волеј, имавме можност да видиме навистина одлични натпревари, атрактивни поени и одлична можност за нови пријателски релации со екипи од нашето соседство. После Неа Генеа од Вериа, Пегазос од Кожани е втората грчка екипа која настапила на еден од турнирите во Битола, додека Врање СД 1093 е првата српска екипа учесник на истиот, вели Александар Темелковски од Пелистер Волеј.
Ова е уште една потврда дека од година во година турнирот е се поатрактивен и во иднина организаторот се надева дека многу други екипи ќе се запознаат со убавините на нашиот град, а Битола и понатаму ќе биди лидер кога е во прашање одбојката во југозападниот дел на Македонија.

За најдобрите поединци се прогласени: Дуња Ѓорѓевиќ (техничар), Невена Поздњаков (коректор), Стефани Најдановска (примач), Симона Стојановска (среден блокер), Надица Антевска (либеро) и Мери Бошковска (MVP).
Фото: Јован Илиевски










