И оваа година, по 8. пат, точно, како и беше најавено, во 8,30 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе со Алпско“, а потоа според временска планинана разлика старуваа натпреварувачите кои трчаа на 10 и 21 километри. Денес на стартот се појавија над 1.500 тркачи од 18 земји од сите категории и возрасни карегории, а најсерозни беа натпреварувачите на 21 километар.
На трите трки во Битола, “Трчај бе со Алпско“, зедоа учество над 1.500 пријавени, од 15 земји, кои трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа “team building activities“. Ќе ги споменеме најголемиот тим на“Алпско“, и “Кромберг и Шуберт“, кои имаа свои посебно уредени и бреднирани катчиња.
Тука беа и тимовите на “Симпекс“, “МИНТ осигурување“, Синдикат на РЕК, од Полицијата, УКЛО, “Боди М“,“Карпатија“,“Портал“, “Бит Оил“, “Иго-шпед“, од Советот на Битола, “Ера“…, посебни гости од Врање – Србија…
На трката со натпреаврувачите се дружешње и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, кои изразија воодушевеност од патеката, а гостите од стана и од тоа како пулсира градот во недела наутро, невообичаен ден и термин за забава.
Стартот, симболично со “пукање“ од пиштол го означи директорот на “Трчај бе“, Никола Димитровски, кој претходно ги поздрави сите учесници, битолчани и гости во градот, покрај целата патека.

-Имаме над 1.500 учесници што за нас е голем успех. На сите кои се присутни утрово тука сакам да им посакам добра забава, на сите гости во Битола убав престој во напиот град, а секако на сите натпреварувачи во трите категории со успех да ја истрчаат зададената патека, секако најдобрите да победат, а и да постигнат лични рекорди, Ние “се погриживме“ и за тоа да имате најдобри услови за трчање, денес во Битола кога е во прашање времето, рече Димитровски.
На трката во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои трчаат 5, а ги имаше од сите возрасти и професии, спортисти, професори, бизнисмени, ученици – основни и средношколци, студенти, политичари, рекреативци… Секако најдобро и најатрактивни беа натпреварувачите од Кенија, кои го постигнаа и рекордот на “Трчај бе“.
Оние поодважните и подобро подготвени им кои секојдневно тренираат на 1о километри. Секако најподготвените тргнаа да трчаат полумаратон на 21 километар, а провлекоа многу внимание и бодрење од публиката.
Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.
-Јас трчам рекреативно, не сум трчал се уште маратони, а се подгоствувам и затоа. Денес еве сум на вашата битолска “Трчај бе со Алпско“ на одлична манифестација со многу учесници и публика, а се надевам дека ќе бидам мотивиран како и за други трки низ Македонија и во регионот. Сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, бидејќи во Македонија и Битола имаме насекаде прекрасни услови за трчање, ни рече гостинот од Скопје, студентот, Стефан.
Ветераните, кои денес во Битола имаше голем број на стартот докажаа дека дека со спортски дух и добра кондиција годините немаат значење и лесно можат да истрчаат 5, 10 а и 21 километар, а Ристо Акимовски – Ачимот е редовно на сите 8 трки низ Битола, кој вели дека оваа е една од подобро организираните трки кај нас, и дека сак што повеќе да има млади.
-Ние “старците“ сме тука редовно, а заедно сме на сите трки низ Македонија, последно бевме во Струга. Сега сакам да упатам апел сите да трчаат или да се заминаат со спорт, кога ние возрасните лесно трчаме 10 километри, помладите не треба да размислуваат за 5 километри. Нека пробаат не е тешко, а за неколку години ќе ги видиме и на полумаратон, чивијата влегува, вели Ачимот.

Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел се погрижија тандемот водители на трката “Трчај бе со Алспко“ Зоран Мишевски и Мими Марковски.
Организаторитес со одлично подготвена најава, програма, и трка како и секоја години, ги мотивираат натпреварувачите и ја забавуваа публиката на плоштадот кај Саат кулата, а и овај пат имаше заедничко загревање.
И овој пат имаше и забава на стартот на бината, а и дополнителната музичка програма по патеките, каде беа поставени окрепителни станици за тркачите.
И оваа години покрај патеката имаше голем број навивачи, а дел од нив имаа транспаренто со интересна содржина.
Низ повеќе од сто фотографиите пренесуваме дел од атмосферата и како се одвиваше трката, но и како беше покрај патеката, каде од рано наутро беа присутни битолчани кои ги бодреа сите кои се одважија да трчаат денес, недела во Битола.
Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1711021184070034&set=pcb.1711025220736297















