Преставата “Печалбари“ беше одиграна во театарска сала во населбата Касула во Сиднеј и во режија на нашиот писател и режисер Омер Зафировски од Битола кој живее и работи во Сиднеј.
ЗАфировски е филмски режисер дипломирал на скопскиот универзитет за филмска и драмска уметност во класот на професорот Столе Попов уште од 15 годишна возраст режира театарска престава и досега има режирано 20 театарски престави. После долги 15 години пауза повторно на сцена со претставата “Печалбари“.
На сцената се појавија десетина актери актерки во главните улоги беа Костадин, Симка, Божана, Јордан, Рајна и други со помали улоги во драмата. Беше прикажан животот на Македонците во 19 век кога најголем дел од мажите беа приморани да одат на печалба да заработат и да се вратат дома да можат да се оженат бидејќи во тоа време се плаќало за невестата. Но, Костадин кој многу ја сакаше Симка не сакаше да плати велејќи не земам стока земам жена да живеам и не сакаше да оди на печалба оти неговиот татко. Отишол и не се вратил дома умрел во туѓина…
Театарската сала полна со публика, сите со насолзени очи, со огромни аплаузи ги награди сите актери кои беа фантастични и тотално се претворија во карактерот што го глумеа Антонио Несковски, Никола и Валентина Апостоловски, Елена Домазетовска, Изабела Апостоловски и други со помали улоги. преубави стари песни ечеа низ целата програма соодветни на мотивот.
За одличната изведба, како рекоа актерите, имале проби долго време.
Славица Марцевска











